Stip

winery wines harvest bulk wine bottled wine
За нас
Винаријата е изградена уште во далечната 1955 година претежно по француска технологија од компанијата Пера, се наоѓа во Повардарскиот вински регион кој има долговековна традиција на производство на вино,
Од 2003 година винаријата е во сопственост на американскиот бизнисмен Лу Аневски кој предводен од желбата за поврат кон своите македонски корени се впушта во индустријата за производство на вино.
Винаријата е меѓу поголемите македонски винарии со капацитет од 12 милиони литри и широко портфолио на производи од автохтони и интернационални сорти на грозје. Подоцна станува сопственик и на уште една поголема винарија во Македонија наречена Повардарие лоцирана во Неготино во срцето на тиквешијата.
Виното како жива материја треба постојано да се негува. Нашите енолози имаат можност да ги надополнат старите методи за производство со предностите на модерните технологии. Од секое зрно грозје до вкусна капка вино, тимот на енолози е тој којшто го посветува својот ентузијазам и труд во производството на одлични вина.
Винаријата користи повеќе сорти на грозје како Вранец, Смедеревка, Мерлот, Кабернет Совињон, Ризлинг и сл.